×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Натпреварувања во детска атлетика ќе се организираат во основните училишта во Куманово

    20.09.2024 10:04 | Оливера Пешевска

    Општинскиот сојуз на училишен спорт (ОСУС)  во Куманово организира Лига во детска атлетика во која ќе учествуваат ученици од 14 основните училишта од Куманово и Старо Нагоричане.

    Натпреварувања во детска атлетика ќе се организираат во основните училишта во Куманово

    Веќе се поделеи потребните реквизити во уилиштата, а одржана е и обука на професорите по физичко и здравствено образование за вежбите и игрите во кои децата ќе учествуваат и ќе се натпреваруваат. Лигата започнува викендов, а предвидено е да трае до мај, следната година.

    „Како за прв пат, ги вклучуваме децата од 3 и 4 одделенија од основните училишта во Куманово. На натпреварите од секое училиште ќе учествува тим од 10 члена, пет машки и пет женски учесници. Во следното коло професорите ќе треба да доведат ученици кои претходно не учествувале и така очекуваме да вклучиме голем број на деца во лигата“, истакна Марјан Нојковски, претседател на ОСУС и координатор на проектот.

    Натпреварите имаат награден карактер, во секое од предвидените 7 кола, по еднаш месечно, а на секој натпревар ќе има пет пунктови со судии кои ќе го оценуваат настапот и резултатите на секој ученик. На крај на сезоната ќе се сумираат добиените поени и ќе се прогласи најуспешното училиште. Одговорните сметаат дека на овој начин ќе ги анимираат децата да започнат да се занимаваат со спорт и рекреација, да се формираат навики за здрав начин на живот, а се надеваат дека ќе препознаат и некој нов спортски талент.

    Во лигата ќе учествуваат училиштата „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане, „Кирил и Методиј“ од Романовце, „Битолски конгрес“ од Лопате, „Христијан Тодоровски Карпош“ од Драгоманце, „Толи Зордумис“, „Христијан Карпош“, „Вук Краџиќ“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Наим Фрашери“, „Магдалена Антова“, „Крсте Мисирков“, „Бајрам Шабани“ и „11 Октомври“ од Куманово.

    Освен Детската лига во атлетика се формираат уште четири други лиги- футсал и кошаркарска лига за машките ученици од повисоките одделенија и две женски одбојкарски лиги, за ученичките од 6 и 7 одделение, и оние од 8 и 9-то. Кошаркарската и футсал лигата би требало да завршат кон крајот на календарската година, најуспешните екипи ќе учествуваат на зонски турнир, повисок ранг на натпреварување. Одбојкарките ќе играат до крајот на учебната година.

    Распоредот е прилично напорен, според календарот во основните училишта ќе се одржат 204 натпревари, во сите пет лиги, а преку 30 во средните училишта, кои треба да формираат машки екипи во футсал и кошарка.

    Прогнозите на Нојковски и членовите на ОСУС е дека во овој проект ќе бидат вклучени преку илјада ученици од различни спортови и возрасти.

    Реквизитите се набавени со сопствени средства на Општинскиот сојуз на училишен спорт, остануваат во трајна сопственост на училиштата, а формирањето на лигите е од годишната програма на сојузот.