Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Мајами хит забележаа победа над Индијана пејсерс од 99-76 во седмиот натпревар во финалето на Источната конференција.
За вкупни 4-3, и се пласираа во големото НБА-финале (третпат по ред), во кое ќе ја бранат титулата против најдобриот тим на Западот, Сан Антонио спарс, кој има победено во сите четири финални серии. Финалето ќе почне ноќта меѓу четврток и петок, се игра до четири добиени натпревари, а предноста на домашниот паркет ќе ја има Мајами.
Одлуката за победникот падна во вториот и во третиот квартал, кога Мајами направи недостижна предност од 21 кош.
Леброн Џејмс повторно беше најдобриот играч во победничкиот тим со 32 коша (8/17 удари од поле), осум скока и четири асистенции. Двејн Вејд постигна 21 поен (7/16), плус девет скока. Во поразениот тим најефикасен беше Рој Хиберт со 18 коша.
Американските медиуми објавија дека боксерот Флојд Мејвотер во Лас Вегас наводно како облог ставил 5,9 милиони долари на победа на „жешките“ со повеќе од седум поени, за што добил 6,4 милиони долари, но тоа никој официјално не го потврди.
Џејмс е на чекор до рекордите на легендарните Лери Брд и Ервин Меџик Џонсон според ефектот во плејоф-натпреварите. Џејмс на средбата против Индијана петти пат стигна до бројката од 300 поени, 100 скока и 100 асистенции. На Брд и на Џонсон тоа им успеало шестпати во плејофот.