×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не очекува тежок период, ќе го дадеме својот максимум да го надминеме, кажа тренерот Јанчиќ

    25.02.2021 14:25 | KumanovoNews

    Машкиот ракометен клуб на Куманово кој настапува во Првата лига, наскоро ќе ги започне дуелите во плејоф разигрувањето – борба која овозможува пласман во најсилното натпреварување во државата, Суперлигата.

    Не очекува тежок период, ќе го дадеме својот максимум да го надминеме, кажа тренерот Јанчиќ

    Тренерот на екипата, Александар Јанчиќ посочи дека конкуренцијата е силна но нема тимови кои се издвојуваат прекумерно, па очекува неизвесни дуели и вистински ракомет, со борба и желба за прогрес.

    „Ќе бидам искрен и ќе кажам дека тимот на Куманово го очекува многу тежок период, бидејќи само првото место од вкупно 8 екипи во плеј-оф групата, ќе обезбеди бараж за најелитната лига во македонскиот ракомет. Тука голем чинител е и финансиската состојба, но, ние ќе го дадеме својот максимум, а каде има простор ќе дадеме шанса и на младите играчи кои имаат огромен талент и желба за докажување. Првичниот план го остваривме, па можеме малку порелаксирано да излеземе на терен,“ рече тој.

    Клубот долг период е составен од локални искусни играчи, но и млади таленти кои напорно работат за време на подготвителните и натпреварувачки периоди. Финансиската ситуација и условите во кои треба да се напредува, не се на завидно ниво, но првиот дел од сезоната го изиграа максимално посветено, каде остварија и победи кои на „хартија“ не се очекувани.

    Во „пролетниот дел“, Куманово ќе одигра вкупно 14 рунди – секој викенд, почнувајќи од 27-ми февруари, планирано е да се одиграат овие средби. Подоцна следуваат и реванш мечевите, а најдобрата екипа, односно само првопласираниот тим оди во „бараж“ за Суперлигата, каде ќе се одмеруваат силите со второпласираниот тим од плеј-аут лигата.

    Како што пишувавме, денеска со почеток од 18.30 часот, Куманово првин ќе одигра Куп натпревар против скопскиот гигант Металург. Натпреварот првично требаше да се одигра на домашен терен, но освен салата во Економското училиште (која се реновира), ниту една друга не ги исполнува условите кои ги налага ракометната федерација.

    Во меѓувреме, тимот се подготвува и е во тренажен процес, а одигра и еден контролен натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П, во кој со 26:22 оствари победа. На средбата се издвои Давид Цветковски како најефикасен, а своите способности ги покажа и младиот голман Даниел Димитријевски.

    (Д.Давитковски)