×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Недела на Шаховско првенство во Куманово

    24.03.2010 12:08 | KumanovoNews

    Заврши четвртото коло од Шаховското првенство  што започна мината сабота во Куманово. На натпреварувањето  учествуваат 14 квалитетни шахисти, еден фиде мајстор, двајца мајсторски кандидати и пшахисти со прва категорија, кои играат по швајцерски систем во седум кола.

    Недела на Шаховско првенство во Куманово

    Во досегашното натпреварување, по ремито во 3 коло на Неџбедин Садики со Зоран Илиќ, и победата во 4 коло со Срѓан Христовски , Садики станува најсериозен кандидат за освојувањето на првото место на годинашново градско првенство. Најсериозен конкурент му е Илиќ, кој ќе има тешка задача со Христовски во 5-то коло. Другите шахисти играат воглавном според своите можности, а изненадување во 4 коло приреди Методија Серафимовски, совладувајќи го Јанчо Ѓоргиевски, кој важи за еден од играчите кои ќе се борат за висок пласман.  На првенството настапува и новата шаховска надеж на Куманово, Коста Јаневски (9 години), ученик во 4-то одделение во ОУ „Крсте Мисирков“, кој по 4 кола има 1 поен, но секако дека заслужува повеќе. По 4 коло во водство се Садики и Илиќ со по 3.5 поени , Христовски и Серафимовски со по 3 поени -велат организаторите.

    Утре со почеток во 18 часот се игра 5 коло од кои поважни парови се Илиќ-Христовски и Садики-Серафимовски.

    Шаховското првенство ќе трае до сабота, а во недела во 12 часот ќе бидат прогласени најдобрите учесници. Победникот ќе добие пахар, а првите четворица парична награда. Тројцата најдобри шахисти на првенството се стекнуваат со право на учество на Републичкото екипно првенство во шах.

    <Активностите на Шаховскиот клуб Куманово, продолжуваат во април кога ќе се одржи брзопотезен турнир. Посебно внимание се посветува на подготовките на Екипното шаховско првенство за ученици во основните училишта во Општината, што се одржува во април под  покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Поважни резултати од 4 коло се:

    Садики – Христовски 1 – 0

    Трајковиќ – Илиќ 0 – 1

    Серафимовски – Ѓоргевски 1 : 0