Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Само неколку часа по дебаклот на Манчестер Јунајтед, кој доживеа огромен пораз од градскиот ривал Сити, Вејн Руни го прославил својот роденден во друштво на поедини фудбалери на Сити.
Како наведуваат британските медиуми, тој од порано ја имал закажана прославата на својот роденден во омилениот кинески ресторан, каде пристигнал нерасположен по исходот од градското дерби.
Ни беше чудно кога почнаа да влегуваат некои играчи на Сити, но тоа покажа колку е Руни голем човек. - изјавил еден очевидец.
На Руниевата роденденска забава немало многу играчи на „граѓаните“, голманот Џо Харт и Грент Бери. Нерасположениот Руни брзо го променил расположението, па забавата завршила со караоке.