×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неуспешен викенд за кумановските кошаркари и ракометари

    07.11.2022 10:52 | Стефан Николиќ

    Спортските колективи од Куманово овој викенд нема да можат да се пофалат со позитивен резултат. Кошаркарите имаа своја шанса за победа, додека ракометарите беа целосно декласирани. 

    Неуспешен викенд за кумановските кошаркари и ракометари Фото: www.fiba.basketball/europecup

    Екипата на КК Куманово забележа нов пораз во Првата кошаркарска лига. Иако го одиграа можеби најдобриот натпревар оваа сезона, кумановчани на крај го испуштија водството и Пелистер ја забележа својата шеста победа оваа сезона. Куманово настапи со новото засилување Колин Смит кој постигна 11 поени на своето деби. Марјан Јаневски беше најефикасен со 26 поени. Поради репрезентативната пауза, КК Куманово наредниот натпревар ќе го игра за две недели против МЗТ Скопје.

    Ракометарите на Куманово беа декласирани од тимот на Алкалоид со резултат 47-16. Нареден натпревар ракометарите го играат против Вардар Неготино на домашен терен.

    Кошаркарскиот претставник во Втората лига, МКК Куманово по одличниот старт и победите против вторите екипи на МЗТ Скопје и Работнички, забележа два порази против Соколи 1933 од Штип и во последното коло од КК Вардар. Младата екипта составена од млади кумановски кошаркари, засилена со повратниците Филип и Ненад Стојановски, може да каже дека имаше тежок распоред на стартот од првенството. Конечен резултат на натпреварот со Вардар беше 81-73. Следното коло МКК Куманово го пречекува тимот на Шкупи. 

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk