Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на КК Куманово со победа ги заврши Суперлигашките натпревари на домашен терен, одкако по трет пат оваа сезона беа подобри од Блокотехна.
Кумановчани имаа водство во текот на целиот меч, а во третиот период таа изнесуваше и повеќе од 20 поени. Блокотехна во продолжението се погрижи да дојде до пристојна негатива, и конечен резултат на мечот беше 89-83.
Марјан Јаневски со 24 поени беше најдобар поединец на мечот. Кај гостите, Сендрик Боувен постигна 16 поени.
Со оваа победа Куманово му направи услуга на МЗТ Скопје кој со победа во вечното дерби може да избие на втората позиција на табелата.
За два дена Куманово игра против тимот на Гостивар на гостински терен.