Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре во салата на економското училиште не очекува нова ракометна сабота, каде што ракометарките и ракометарите ќе ги пречекаат своите противници.
Првиот натпрвар го игра женскиот состав, а за противник го има тимот на Стружанка. Стружанка се наоѓа на предпоследното место во плеј-оф, додека Куманово е единствената непоразена екипа досега. Натпреварот започнува во 15:30.
Веднаш по тој натпревар, од 18 часот ќе започне натпреварот во машка конкуренција помеѓу екипата на МРК Куманово и РК Јехона. Ракометарите се наоѓаат на седмата позиција на табелата со 5 победи 7 порази и 1 нерешен натпревар додека тимот на Јехона има 2 победи и 11 порази.