Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И покрајј повредата на скочниот зглоб, најдобриот тенисер на светот ги стисна забите, издржа на теренот, го победи Квери со 3-1 во сетови и ја однесе неговата репрезентација во полуфиналето на Дејвис Купот.
После тешката борба, Џоковиќ го обзедоа емоции, ја прослави победата, но не издржа, не ги задржа солзите пред камерите на РТС додека даваше изјава.
Ме обзедоа емоции, голема чест и задоволство е да се игра за Србија-рече Џоковиќ додека се обидуваше да ги задржи солзите, но не успеа и само дополни:
Што се однесува до повредата, не знам што ќе биде, се надевам ќе биде добро.
Поради оваа повреда Џоковиќ можно е да го пропушти турнирот во Монте Карло, а колку е сериозна повредата ќе се знае дури после деталните прегледи.