Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод големиот празник на Србите, Видовден, Обединетата српска заедница (ОСЗ) во Куманово, организира традиционален турнир во мал фудбал „Видовден 2019“.
Турнирот започнува на 21. јуни во 19 часот, на игралиштето на спортско-рекреативниот центар „КЕЈ“, Куманово.
По тој повод ги повикуваме спортистите, спортските работници и граѓаните, да се пријават со своја екипа и да учествуваат на турнирот, - соопштуваат организаторите.
Жребката ќе се одржи 19.јуни во 19 часот во просториите на ОСЗ на ул. „Октомвриска револуција“, локалитет Табакана, Куманово.