×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавени протоколите за работа на ракометните клубови во време на пандемија

    21.07.2020 10:30 | KumanovoNews

     Ракометната федерација на Македонија ги објави протоколите за работа на ракометните клубови во време на пандемија од Ковид-19, според комисијата за заразни болести.

    Објавени протоколите за работа на ракометните клубови во време на пандемија

    Препораките се тренажниот процес во сала да биде поделен во три фази: инвидуален тренинг, работа во помали групи и колективен тренинг.

    Од спортистите се бара секој поединечно да потпише изјава дека ќе ги почитува општите мерки за превенција од ковид-19. Тренинзите ќе се одржуват со забрана од било какво друго присуство во салата, а за почеток на натпреварувањето ќе биде потребен тест за ковид-19, не постар од 72 часа. При влегување во просториите ќе им биде измерена температура, а за нормална телесна температура се смета температура од 36 до 37 степени. Задолжително е да се постават средства за дезинфекција со најмалку 70 отсто алкохол, кои треба да се користат пред секој тренинг или натпревар.

    Секој поединец треба да има своја спортска опрема, а задолжително е носење на заштитна маска на секој ракометар што не е во игра и клубовите имаат за задача навремено да ги обновуваат залихите. Забрането е ракување, гушкање или било кој друг контакт кој е спротивен на социјалната дистанца и задолжително е зачестено миење и чистење на просториите во спортските објекти.

    Исто така, како едни од поважните забрани се: јадење во соблекувалните, групирање после тренинзите, допирање на очите,усните и носот. Од РФМ бараат да се продолжат тимските клупи, се со цел полесно да се одржи социјалната дистанца.

    Тие исто така напоменуваат дека протоколите можат да се надополнуваат во зависност од проценките на комисијата за заразни болести при министерството за здравство.

    Во Куманово постојат два активни ракометни клубови, ЖРК Куманово и РК Куманово.

    (Д.Д)