Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Македонија вo петок ќе ги дознаат противниците во групата за завршницата на ЕП во Данска.
Сигурно ривали нема да бидат само Белорусија, Унгарија и Полска, селекции со кои „црвено-жолтите“ се во третата рејтинг-група за ждрепката.
Според процедурата, при ждребувањето 16. репрезентации што ќе настапат на завршницата во јануари в година ќе бидат поделени во четири групи со по четири селекции што ќе играат за пласман во главната фаза. Првите три од секоја група продолжуваат понатаму.
Она што е познато е дека Данска своите мечеви ќе ги игра во Хернинг, каде што ќе се игра и финалето, а другите три групи ќе се играат во Kопенхаген, Олборг и Орхус.
На ЕП ќе има четири репрезентации од бившите простори на СФРЈ, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора, но и четири од Скандинавија, Шведска, Норвешка, Данска и од Исланд.
Првпат на ЕП нема да играат Германците.
Во првиот рејтинг-барабан се најдоа: Данска, Србија, Хрватска и Шпанија. Во вториот се: Чешка, Исланд, Франција и Шведска, а во четвртиот: Норвешка, Австрија, Црна Гора и Русија. Рангирањето е направено според пласманот во квалификациите, и од настапите на претходното ЕП и СП. Затоа и Македонија е во третиот барабан, како една од најдобрите репрезентации што се второпласирани.
Според силата на можните противници, веројатно најтешката можна група што не би ни одговарала е Данска, Франција и Норвешка или Русија. А најпосакуваната варијанта сигурно би била Србија, Чешка и Австрија.