×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбиен приговорот на македонската ракометна репрезентација

    18.01.2012 13:14 | KumanovoNews

    ЕХФ официјално објави дека го одби приговорот на нашата репрезентација за послениот шут на Кире Лазаров кој според видео снимката заврши зад гол линијата.

    Одбиен приговорот на македонската ракометна репрезентација

    Во официјалното соопштение стои:

    „Протестот вложен на 17 јануари од Ракометната Федерација на Македонија по завршувањето на натпреварот меѓу Македонија и Германија од прелиминарната рунда на Европското првенство е одбиен. Протестот беше наменет за ударот на гол упатен во 59:47 минута од натпреварот, кој не заврши во голот. Македонската делегација тврдеше дека ударот завршил во голот и бараше на основа на тоа резултатот на мечот да биде корегиран“

    „Дисциплинската комисија на ЕХФ ЕУРО 2012 ги разгледа сите елементи вклучувајќи го и видеоматеријалот и истакна дека во таков случај судиската проценка е одлучувачка. Согласно со членот 17.11 од Правилникот на ИХФ ваков вид на одлуки не можат да бидат предмет на протест. Со тоа Дисциплинската комисија донесе заклучок дека протестот треба да биде одбиен, а потврден е резултатот од мечот Македонија - Германија 24-23“

    Ракометната Федерација на Македонија има право на жалба до 20 часот во среда, 18 јануари 2012 година.