500x100-1
11. 11. 2010 18:00

Одбојкарите ќе го играат првиот натпревар на домашен терен

Одбојкарите ќе го играат првиот натпревар на домашен терен

По подолго време Куманово ќе биде домаќин на еден одбојкарски натпревар. Во сабота 13. Ноември 2010 со почеток во 12:00 часот, при одигрување на 4. коло од Првата државна лига во одбојка за мажи, силите ќе ги одмерат екипите на Одбојкарски клуб Куманово и Одбојкарски клуб ЏИО од Струмица во Спортската сала во Куманово.

Од ОК Куманово посакуваат нашите сограѓани во што поголем број да дојдат на натпреварот и да ги бодрат нашите одбојкари. Куманово доби претставници во најелитните натпреварувања во кошарка, ракомет и еве и во одбојката. По многуте години на минимални спортски настани во градот прекрасно е нашата Спортска сала пак да се види исполнета до последно место. Се надеваме на убава спортска приредба која ќе ја надополни спортската понуда во Куманово.