Одбојкарите и ракометарките на Куманово играат на домашен терен
04.11.2011 09:45
| KumanovoNews
Одбојкарите на Куманово утре во салата СЕУ Перо Наков ќе го одиграат натпреварот од третото коло во Првата државна лига во одбојка.

Противник е екипата на ОК Сушево која оваа година е повратник во најквалитетното македонско друштво, но во двата меча претрпеа два пораза. Куманово досега има 2 победи и пораз од почетокот на сезоната.
Ракометарките на Куманово во недела во Спортската сала ја пречекуваат екипата на РК Овче Поле. Нашите ракометарки досега во петте одиграни кола, остварија 3 победи и 2 порази.