Одбојкарите на Куманово го пречекуваат Мавис
19.10.2011 13:48
| KumanovoNews
Во состав на Првата државна лига во одбојка - мажи, во сабота ќе се одигра првиот натпревар помеѓу екипите на Куманово и Мавис од Штип.

Натпреварот ќе се игра во салата на економското училиште „Перо Наков„ со почеток во 17 часот.
Раководството на одбојкарскиот клуб Куманово ги повикува сите и љубители на одбојката и спортот, помасовно да дојдат на отворањето на одбојкарската сезона и да ја бодрат домашната екипа во оставрување на првата победа.