Одбојкарките денеска ја пречекуваат Јанта Волеј
09.05.2018 09:36
| KumanovoNews
Одбојкарките на СВС Куманово денеска на домашен терен го играат третиот натпревар од финалната серија против тимот на Јанта Волеј.

Во реприза на минатогодишното финале, кумановскиот состав поведе во првиот меч со 3:0 во сетови, меѓутоа на гостувањето во Скопје загуби со 3:1 во сетови.
Серијата е изедначена а кумановските одбојкарки имаат шанса повторно да ја искористат предноста на домашен терен. Со тоа ќе ја имаат првата меч топка во Скопје да ја забележат третата победа и да ја одбранат титулата.
Натпрварот се игра во среда во салата на Економското училиште со почеток во 20 часот.