Одбојкарките на чекор до титулата
16.05.2017 11:43
| KumanovoNews
После освојувањето на Купот на Македонија, одбојкарките на СВС Куманово се на чекор до освојување на двојната круна, одкако поведоа со 2:1 во финалната серија.

После фуриозниот старт на Јанта Волеј, гостите поведоа со 2:0 во сетови, но домашниот состав не се предаде и направи вистински „кам-бек“ и успеја да го заврши натпреварот со резултат 3:2 во сетови.
Серијата се сели во Скопје каде што во следните два натпревара СВСК ќе се обиде да забележи една победа која ќе му донесе шампионска титула.