Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одбојкарскиот клуб Куманово се пласираа во финалето на сениорското државно првенство за дами, каде што во финалето ќе се сретне со тимот на Јанта Волеј од Скопје.
Тие третиот одлучувачки меч во полуфиналето забележаа победа против екипата на ОК Планет од Скопје со резултат 3:2, или по сетови 26:24, 21:25, 24:26, 25:18, 15:12.
Ова беше натпревар каде што одлучуваа нијанси, со многу пресврти во резултатот. ОК Куманово поведе со 1:0 во сетови но ги загуби следните два. По доминантен четврти сет и израмнување на 2:2, петиот сет донесе многу лош почеток и резултатска предност од 7:3 на противникот. Но по две одлични серии на сервис/блок игра резултатот се сврте во корист на нашата екипа со 7:9. Следниве 2 поена припаднаа на ОК Планет за израмнување на 9:9 и втор тренерски тајм-аут на нашата екипа. По тајм-аутот екипата сконцентрирано и максимално ангажирано ги одигра следниве поени за победа во овој сет со резултат 15:12 - изјавија од клубот.
Финалната серија започнува следната недела. ОК Куманово има предност на домашен терен. Противникот е ОК Јанта Волеј од Скопје што всушност претставува и реприза на минатогодишното финале.