Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во салата на СОУ “Перо Наков“ денеска со почеток во 11 часот ќе започне мини турнир во одбојка во чест на загинатата Теодора Цветковска.
Одбојкарски клуб Куманово, како помен од 40 дена за својата трагично почината членка Теодора Цветковска организира мини - турнир во одбојка со учество на 6 - кратниот шампион во одбојка во Република Македонија Одбојкарскиот клуб Форца Волеј Скопје, Одбојкарски клуб од Пробиштип и Одбојкарски клуб Куманово во помлади категории - вели Денис Вујадиновиќ од Одбојкарски клуб Куманово.
На ваков начин спортистите сакаат да и одадат почит на нивната поранешна члена, Теодора Цветковска која на почетокот на јуни загина во сообраќајна несреќа.