Одиграни натпревари од првото коло во Е-групата
На Европското кошаркарско првенство во Словенија стартуваат натпреварите од вториот круг во групната фаза.

Сигурен пласман во четвртфиналето обезбеди репрезентацијата на Србија, а по победата над Франција и екипата на Литванија е на добар пат да и се придружи на Србија.
Табела Е: Србија 6 бодови, Литванија 5, Франција 5, Летонија 4, Украјна 4, Белгија 3.
На Европското првенство во кошарка, денес ќе се одигра првото коло во осминафиналната Ф група.
Дербито на денот е пресметката помеѓу Шпанија и Грција, овој дуел ќе започна во 17:45 часот.
Претходно програмата од 14:30 ќе ја отворат селекциите на Финска и Хрватска, додека денот ќе биде затворен со дуелот помеѓу домаќинот Словенија и Италија, натпреварот ќе започне во 21 часот.