Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денес во Мерсин,Турција официјално ќе бидат отворени Медитеранските игри.
Церемонијата на свеченото отворање ќе се одржи денеска во 19 часот, на стадионот во Мерсин, кој има капацитет од 25.000 посетители.
На игрите кој ќе се одржат од 20 до 30 јуни учествуваат спортисти од 24 земји, односно полното членство на ова спортско семејство. Овие игри ќе го соборат рекордот на бројност на учесниците со околу 4.000 спортисти. На претходната игри во Пескара, Италија, пред четири години, учествуваа 3.303 спортисти од 23 земји.
Турција за кратко време успеа да се подготови откако пред помалку од две години се согласи да го замени како домаќин Волос од Грција, кој се откажа поради немање финансии.
Македонија, која е дебитант на игрите, има 174 члена во делегацијата, од кои 116 спортисти и 58 официјални лица. Ќе се натпреваруваат во 19 спорта (од вкупно 32), од кои четири екипни, фудбал, кошарка и одбојка мажи, како и ракомет мажи и жени.