Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
После кратката зимска пауза, кошаркарското првенство на Македонија ќе продолжи овој викенд.
Вчера се одигра заостанатиот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Фени каде што актуелниот шампион славеше со резултат 79-71, со што се комплетираше 12.коло.
Актуелниот шампион се наоѓа на првата позиција со 11 победи и само еден пораз, а втор на табелата е Карпош Соколи со 10 победи и два пораза.
Екипата на Куманово е третопласирана со седум победи и пет порази. После лошиот старт дефинитивно успејаа да се вратат кон врвот на табелата. Фени индустри и Кожув ги делат четвртата и петтата позиција со шест победи и шест порази. Работнички е шести на табелата со пет победи и седум порази, а дното го сочинуваат Струмица со три победи и девет порази и Бест кои не успејаа да запишат победа во првиот дел од сезоната.
Во 13.коло започнува со натпреварот Струмица - Кожув. Истиот ден се игра и дербито помеѓу Куманово и Работнички во Спортската сала. Во останатите натпревари Бест го пречекува Фени Индустри а оваа коло ќе се комплетира со натпреварот Карпош Соколи - МЗТ Скопје.