×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пецевска и кажа збогум на репрезентацијата

    04.03.2013 09:43 | KumanovoNews

    Искусната македонска ракометна репрезентативка Драгана Пецевска (30) стави крај на својата кариера во националниот тим.

    Пецевска и кажа збогум на репрезентацијата

    Делумно оваа одлука е поттикната со изоставувањето на нејзиното име од репрезентативниот список на селекторот Гино Стрезовски за претстојните контролни средби против Србија во Крагуевац на 21. и 23. март како дел од подготовките за бараж дуелот против Шпанија за пласман на СП 2013.

    Не сум изненадена од ваквиот потег на селекторот Гино Стрезовски. Со ова ме натера дефинитивно да одлучам да ја завршам репрезентативната кариера. Јас уште по Европското првенство во Србија најавив дека ова можеби ќе биде мојот последен настап во репрезентативниот дрес. Но, сега тоа ќе го направам и официјално со писмено известување до Ракометната федерација на Македонија. Ја завршувам репрезентативната кариера можеби и малку порано од планираното, но сите нерасчистени работи и се она што се случува во и околу женската репрезентација на Македонија ја забрзаа мојата одлука да ставам крај – вели Драгана Пецевска во изјавата на официјалниот сајт на ЖРК Вардар.

    Со заминувањето на Пецевска се продолжува егзодусот на звучни и квалитетни имиња од националниот ракометен тим, откако претходно, по ЕП во Србија во декември, крај на кариерата во дресот на македонската репрезентација стави и бекот Јулија Николиќ, а истото го стори и репрезентативниот капитен Тања Андрејева.

    Селекторот Стрезовски го соопшти списокот на репрезентативки, на кој се најдоа: Дијана Наумоска (Жито Прилеп), Наташа Антиќ (Металург), Фросина Крстевска (Вардар СЦБТ), Драгица Митрова (Металург), Ивана Маневска (Вардар СЦБТ), Симона Гроздановска (Металург), Симона Николовска (Металург), Робертина Мечевска (Металург), Наташа Младеновска (Металург), Мирјета Барјамовска (Металург), Елена Ѓоргиевска (Будуќност), Душица Ѓоргиевска (Металург), Марија Штериова (Вардар СЦБТ), Зорица Деспотовска (Металург), Билјана Црвенкоска (Вардар СЦБТ), Ивана Саздовски (Вардар СЦБТ), Славица Мркиќ (Жито Прилеп), Теа Керамитчиева (Металург).

    Првиот собир е закажан за 18 март, по што ќе почнат подготовките пред бараж дуелите против Шпанија.