Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 7 септември пензионерите ќе учествуваат на 18 - те по ред републички пензионерски игри и натпревари во Штип.
Имаме интензивни подготовки. Ќе учествуваат 30 наши пензионери и пензионерки во вкупно 15 дисциплини. Најдобри сме во атлетика, стрелаштво, шах, домино и во овие категории очекуваме први и втори места. Учесниците се наши членови кои беа прваци на регионален натпревар во Кратово - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
На натпреварот ќе учествуваат пензионери од цела Македонија.