Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот македонски ракометар Пепи Манасков е нов тренер на ракометниот клуб Куманово. Тој со управата на клубот денеска потпиша едногодишен договор.
Ова за мене е голем предизвик, исто како и за самите играчи. Познавајќи го тимот се работи за една млада перспективна екипа, каде што има простор за напредок. Со моето доаѓање ќе се обидам да сменам доста работи, а пред се на организационен план. Амбициите се да се влеземе во плеј-офот што би значело за оваа сезона голем успех за клубот и излегување на европска сцена. Во последните години Куманово е заборавен на тој план, и верувам дека со управниот одбор ќе успееме да го реализираме предвиденото и да направиме добри резултати за во иднина- изјави Манaсков.
Во името на ракометниот клуб, новиот тренер го поздрави претседателот Мартин Костовски.
Во моментов нема поголемо име од Пепи Манасков во ракометниот спорт. Токму затоа ние одлучивме клубот да го води најдобриот ракометар на сите времиња во Македонија. Спортот во Куманово се враќа на голема врата, а тоа го покажува и ангажирањето на врни спортисти во нашите клубови. Во моментотт имаме 4 суперлигаши и тоа во кошарката, машкиот и женскиот ракомет и одбојката. Се надеваме дека овие клубови ќе остварат значајни резултати со кои сите ќе се гордееме- рече Костовски.
Манасов има кратка тренерска кариера од две години, работел во младински клуб и еден период во Борец од Велес. Тој во Куманово доаѓа на местото на Ристо Трпчевски Буцо, кој заминал да ја продолжи кариерата во Иран.