Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Селекторот на Македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков денеска го објави поширокиот список со 23 кошаркари, меѓу кои се најдоа пет кошаркари на Куманово.
Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ, Марјан Јаневски, Александар Штерјов и Димитар Караџовски се играчите кои се повикани да изборат место за наптреварот против Словачка.
На списокот се најдоа Војдан и Дамјан Стојановски, Александар Костовски, Дарко Соколов, Андреј Магдевски, Ненад Димитријевиќ, Стојан Ѓуровски, Диме Тасовски, Бојан Трајковски, Марко Симоновски, Ѓорѓи Чековски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, а од Американците се повикани Ричард Хендрикс, Лестер Бо Мекејлеб и Џордан Теодор.
Натпреварот помеѓу Македонија и Словачка ќе се одигра во Скопје на 25.февруари.