Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пет ракометарки од составот на ЖРК Куманово, под водство на селекторот на сениорската женска репрезентација Симе Симовски, ќе учествуваат на пријателски натпревари против репрезентациите на Турција (А), Турција (B), Италија и Косово.
Симовски повика 23 ракометарки за овие турнири, а од нашиот клуб ќе играат: капитенот Александра Боризовска, Леонида Гичевска, Јована Кипријановска, Ангела Јанкуловска и Бранкица Марковиќ.
Натпреварите ќе се оддржат од 22 до 25 ноември, додека пак собирот на сениорките ќе биде во понеделник во 10:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.