×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет медали за „Крос-Сајклинг“ Куманово на Државно првенство во Крушево

    22.07.2024 13:19 | Оливера Пешевска

    Две шампионски, два вицешампиони и едно трето место освооја челновите на велосипедскиот клуб „Крос-сајклинг“ Куманово на Државното првенство кое викендов се одржа во Крушево.

    Пет медали за „Крос-Сајклинг“ Куманово на Државно првенство во Крушево

    Во категоријата натпреварувачи под 13- годишна возраст државен шампион е единаесетгодишната Оља Цветанова, а Кирил Анчевски е кадетски шампион. На второто место се пласиираа Андријана Анастасоска во женска категорија и Дарко Блажевски, кај мастерси, додека Јован Паневски кај сениорите го освои третото место.

     Одговорните од клубот не го кријат своето задоволство и гордост на постигнатиот успех.

    „Презадоволни сме, на најубав можен начин ја завршуваме сезоната. Се исплатеше целиот вложен труд, но не е изненаување знаејќи колку нашите членови вредно тренираат и се вложуваат во спортот“, истакна тренерот Емил Цветанов.

    Се возела кружна трка, на патека долга 3,7 километри, а жири комисија го мерела времето на поминување, како и целокупната измината должина, односно број на кругови.

    По државното првенство велосипедистите на „Крос- сајклинг“ заминуваат на заслужен одмор, по што ги очекуваат уште две трки, но со помало значење од државниот шампионат. По краткиот одмор продолжуваат со секојдневни тренинзи, за да се остане во форма, а и да ги започнат подготовките за следната велоспиедска сезона.

    Учеството на тимот е поддржано од Општинскиот сојуз на спортови, Општина Куманово, како и неколку приватни спонзори.

    На најважното натпреварување во сезоната учествувале 6 тима од Македонија во дисциплината велокрос. Организатор е Велосипедската федерација на Македонија, со техничка поддршка на клубот „Оксижен“ од Скопје.