Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово ја забележаа и петтата победа во БИБЛ лигата. Тие вчера беа подобри од Теодо во Тиват со резултат 65-73.
Куманово одлично го отвори натпреварот со осум постигнати поени, но падна ритамот и Теодо резултатски се врати во натпреварот. Во продолжението од мечот следуваше серија на Куманово за 17 поени предност, па серија на Теодо од 10 поени за неизвесна завршница. Целата прва петока на гостинот забележа двоцифрен број на поени, а највеќе се истакна Mиладин Пековиќ со 17 поени и 3 асистенции. Со 15 поени натпреварот го заврши Мијатовиќ, додека 13 поени додаде Живановиќ. Со по 10 поени натпреварот го завршија Караџовски и Радослав Пековиќ.
Следниот наптпревар Куманово го игра против Кожув во рамките на домашното првенство, а во БИБЛ лигата наредната недела Куманово ќе се сретне со Сигал Приштина.
Фото: balkanleague.net