Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вардаровецот петар Ангелов по фантастичниот дуел против екипата на Флензбург заслужено се најде во тимот на најдобри голмани во ЛШ.
Ангелов во овој дуел беше најзаслужен играч за добриот резултат на екипата на Вардар.
И покрај минималниот пораз од 24-22 тимот на Вардар има сеуште шанси во реванж натпреварот на домашен терен, да ја надополни негативата од два гола и да се пласира на завршниот турнир во Келн.
Во идеалниот тим голманот Петар Ангелов се најде заедно со Уве Генсмајхер, Момир Илиќ, Арон Палмарсон, Ласло Наѓи, Бјарте Мирхол и Патрих Грецки.