Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Зимскиот турнир за пионери што се одржа викендов во Крива Паланка, во организација на Пингпонгарската федерација на Македонија, пингпонгарката на Пинг понг клуб „Куманово “ Ива Димитриевска го освои првото место.
Оваа ни е прв турнир во новата година што го играме во Република Македонија, по двата успешни турнири во Алексинац и Врање во Република Србија и двете први места на истите. Бевме најдобри и на овој турнир. Победени се сите противнички без изгубен сет и освоени максимален број на бодови. Сакам да истакнам дека ова е еден од четирите турнири кои се бодуваат за конечна ранг листа, која ја изготвува Пингпонгарската федерација на Македонија. Задоволен сум од постигнатиот резултат, но и од подобрувањето на играта на Ива. Полека но сигурно ги надминуваме малите проблеми што ги имавме на изминатите настапи - ни изјави тренерот Мики Трендафиловски.
Димитриевска ќе се подготвува за турнирите кои ја очекуваат во оваа 2016 година.