Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Новогодишниот отворен турнир во пинг понг „Алексинац 2016“ што се одржа викендов во Алексинац, Србија, младата пингпонгарка од Пинг понг клуб „Куманово“ , Ива Димитриевска го освои првото место во категорија на кадетки.
Иако стартувала лошо, Ива успеала да се подобри во текот на играта и да го освои првото место.
Напорниот пат и лошото време, што не следеше на патувањето до Алексинац, прионесоа да стигнеме на пет минути пред самиот почетокот на овој турнир. Во игра влеговме недоволно подготвени и имаме лош старт во првиот натпревар што го имаше Ива во сениорска конкуренција. Но, за наша среќа успеавме да за краток временски период да се адаптираме и да Ива заигра поквалитетно, и да во нејзината категорија на кадетки го забелешиме овој успех. Освоен е победничкиот пехар , златен медал и диплома за освоено прво место во категорија на кадетки. Задоволен сум од резултатот, но не и во целост од играта што ја покажа Ива на овој турнир. Ни останува да во иднина работиме поангажирано и сите недостатоци да ги отклониме - изјави тренерот Мики Трендафиловски.
Димитриевска иако е млада зад себе има бројни успеси и награди во овој спорт.