Пинк Пантери ги продолжуваат натпреварите во Третата лига
02.02.2018 20:17
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери продолжуваат со натпреварите до Третата кошаркарска лига.

Во дербито на колото, во сабота во Спортската сала ја пречекуваат екипата на Плачковица.
Тимот на Пинк Пантери е третопласиран на табелата со шест победи и три пораза. Плачковица се наоѓа на втората позиција на табелата со осум победи и еден пораз, па доколку Пантери сакаат да останат во игра за второто место и пласман во повисок ранг, мора да триумфираат на овој натпревар.
Наптреварот започнува во 13 часот.