Пионерките на ЖРК Куманово со нерешен резултат
16.09.2013 08:23
| KumanovoNews
Вчера на домашен терен младите ракометарки на Куманово со нерешен резултат го завршија натпреварот против екипата на Овче Поле од Свети Николе.

Првиот натпревар од првото коло за оваа сезона ракометарки го завршија со резултат 12:12 (6:6).
Задоволни сме со играта која ја покажаа ракометарките и се надеваме дека од преостанатите натпревари ќе излеземе како победници, за да докажеме дека во Куманово навистина има талентирани спортисти кои играат со срце на терен-изјавија од клубот.