Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пионерската екипа на ЖРК Куманово во недела во салата Автокоманда го одигра завршиниот турнир од првенството на Македонија каде што успеја да го освои второто место.
Првиот натпревар младите кумановчанки го одиграа против екипата на Металург 2 каде што триумфираа со резултат 14-19. Во големото финале противник беше првиот тим на Металург каде што Куманово загуби со резултат 19-10.
Ова е навистина голем успех за нашата ракометна школа, пионерскиот состав имаше одлична сезона. Мораме да потенцираме дека тимот беше доста уморен бидејки ракометарките од основното училиште Браќа Миладиновци пристигнаа во сабота навечер, а веќе утредента моравме да играме 2 силни натпревари. Ние побаравме турнирот да биде одложен за недела дена, меѓутоа тоа не беше прифатено. Во секој случај ние сме задоволни од постигнатиот успех и ова е доказ дека женскиот ракомет во Куманово има светла иднина - изјавија од управата на ЖРК Куманово.
Индивидувалната награда за најдобар стрелец на завршниот турнир ја освои Мила Трајковиќ, ракометарка на ЖРК Куманово која на полуфиналниот и финалниот натпревар постигна вкупно 14 гола.
Од женскиот ракомет на репертоарот останува сениорската екипа на ЖРК Куманово која од овој викенд започнува да ги игра Плеј-оф натпреварите од домашното првенство.