×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Победа на Металург за фајнал фор

    07.03.2013 09:27 | KumanovoNews

    Со победата од 28:26 во дуелот против Брест Мешков, ракометарите на Металург дефинитивно го обезбедија настапот на завршниот турнир во СЕХА лигата.

    Победа на Металург за фајнал фор

    По израмнетиот почеток во кој се играше гол за гол од осмата минута Металург направи серија од 6:1 до крајот на првото полувреме ја одржуваше разлика од четири до пет гола.

    Нашиот шампион на одмор замина со водство од 16:12, а целосна контрола на играта и резултатот имаше се половината од второто полувреме кога гостите од Белорусија доближи на негатива од еден гол.

    Неизвесноста се одржува се до завршните момент од натпреварот, кога Брест Мешков преку Хенрик Кнудсен намали на 27:26, но Гоце Георгиевски во последниот напад постигна погодок за конечни 28:26.

    Најефикасен во нашиот состав беше Миладин Козлина со седум гола, новото име во составот на Металург, Давид Коражија беше стрелец на шест гола додека Тихомир Додер постигна пет, а голманот Дарко Станиќ забележа 11 интервенции.

    На спротивната страна Кнудсен шест пати ја затресе мрежата на Металург, а Антон Пракапенка четири пати во листата на стрелците.

    СЕХА лига - двојки

    Металург - Мешков Брест    28:26
    Загреб КО - Металург    09.03
    Извиѓач - Борац БЛ    09.03
    Мешков Брест - Ловќен    10.03
    Вардар Про - Нексе    10.03