×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Победи за кошаркарите изминатиот викенд

    28.11.2016 11:28 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово забележаа победа против тимот на Кожув во второто коло од домашното првенство. Во Третата лига, Бал фор Лајф беше поуспешен од тимот на Марфил Спорт од Прилеп.

    Победи за кошаркарите изминатиот викенд

    Кумановскиот прволигаш ја забележа првата победа во домашното првенство со резултат 89:86. Пресудна беше втората четвртина кога кумановчани постигнаа 30 поени и примија само 9, што на крај беше доволно за победа од три поени предност. Костовски постигна 20 поени за Куманово, додека за Кожув Кенион МекНил го заврши натпреварот со 30 поени. Битно е да се напомене дека Кожув е во криза, па пред натпреварот тимот од Гевгелија остана без својот прв тренер, Врбица Стефанов. Тимот го водеше неговиот помошник, поранешниот тренер на Куманово Игор Михајловски.

    Кошаркарите на Бал фор Лајф ја забележаа третата победа одкако вчера беа подобри од Марфил Спорт со резултат 84:63. Натпреварот беше неизвесен во првото полувреме кога гостите од Прилеп пружија солиден отпор, па резултатот по паузата беше 43:38. Тимот од Прилеп целосно падна во третиот период кога домаќинот направи разлика, која ја чуваше до крајот на натпреварот. Во победата на Бал фор Лајф, Горан Тренчиќ постигна 26 поени а Дарко Смиљковиќ го заврши натпреварот со 20 поени.

    Следниот натпревар Бал фор Лајф го игра против Дино Баскет од Кочани на гостински терен.