×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Победи за Сан Антонио и Индијана

    15.05.2013 07:52 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Сан Антонио и Индија забележаа победи во плејоф натпреварите од втората рунда-Сан Антонио поведе против Голден Стејт со 3-2, додека Индија има предност над Њујорк од 3-1.

    Победи за Сан Антонио и Индијана

    Сан Антонио го совлада Голден Стејт со 109:91, во натпревар во кој Тони Паркер со двоен ефект од 25 поени и 10 асистенции го предводеше тимот до победата.

    Покрај Паркер кај Спарси со учинокот се истакнаа уште Кави Леонард (17 поени, 7 скокови) и Тим Данкан (14 поени, 11 скокови).

    На спротивната страна најекспониран беше Херисон Барнс со 27 поени и 7 скокови, додека најдобриот играч на Голден Стејт Стефон кари постигна само девет поени.

    На чекор до пласман во финалето на истокот се наоѓа Индијана, Пејсерси против Њујорк водат со 3-1, откако во четвртиот меч победија со 93:82.

    Џорџ Хил постигна 26 поени, а Пол Џорџ имаше учинок од 18 поени, 14 скокови и 7 асистенции во победата на Индијана. Кај Њујорк се истакнаа Кармело Ентони со 24 поени, 19 постигна Џеј Ар Смит.