×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина човекот што ги постигнa првите поени во НБА

    31.07.2013 06:59 | KumanovoNews

    Оскар Скечтман, поранешниот кошаркар на Њујорк Никерброкерс, кој го имаше првиот прецизен шут во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот американската NBA, почина од респираторна инсуфициенција на 94 години.

    Почина човекот што ги постигнa првите поени во НБА

    Оскар Бенџамин „Оси" Скечтман кој играл на позицијата бек, ги постигна првите поени во натпревар во првата сезона на НБА која тогаш се нарекувала BAA (Basketball Association of America).

     Мечот меѓу Њујорк Никерброкерс и Торонто Хаскис се одиграл на 1-ви ноември 1946 година, а завршил со резултат 68:66, во полза на гостите од „Големото јаболко". Најефикасен на овој меч бил играчот-тренер на тимот од Торонто, Ед Садовски со 18 поени.

    Комесарот на НБА, Дејвид Стерн објави соопштение во врска со смртта на Скечтман, нарекувајќи го „пионер".