Половичен успех на Карпош Вардар во Прилеп
01.11.2016 11:53
| KumanovoNews
Академијата на Карпош Вардар гостуваше во Прилеп каде што забележа една победа и еден пораз.

Женската екипа на Карпош загуби од тимот на Филип Вардар со резултат 12:14. Иако на полувреме резултатот беше 7:7 ракометарките на изиграа најдобро во клучните моменти од натпреварот, а од клубот се пожалија и на мала наклоност на судиите.
Машката екипа извојува убедлива победа против тимот на Кисела Вода со резултат 12:7.
Од клубот изјавија дека се задоволни со настапите на нивните ракометари од двате тима во досегашниот дел од првенството.