Полуфинални натпревари на Европското првенство во Данска
24.01.2014 08:34
| KumanovoNews
По вчерашниот слободен ден на репрезентациите кои учествуваа на Европското првенство во Данска, денеска ќе ги одиграат полуфиналните средби.

Домаќинот на оваа европско првенство, репрезентацијата на Данска за противник ја има Хрватската репрезентација која досега ниту еднаш не била европски првак. Данска е единствената репрезентација со максимални 5 победи.
Натпреварот ќе започне во 21 часот.
Во 18.30 е првата полуфинална средба против репрезентациите на Франција и Шпанија.
И двата полуфинални дуели се играат во Хернинг, а победниците од овие четири репрезентации во недела ќе ги измерат силите во финалниот дуел.