Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска се игра последното коло од првата група во втората фаза на Европското првенство во Србија. Нашите ракометари играат против домаќинот на оваа првенство Србија.
Во 16:15 минути се игра натпреварот помеѓу Германија и Полска, а во 18:15 играат Данска и Шведска. Победа на пољаците и швеѓаните ни носи пласман во четвртфиналето доколку во 20:15 ја победиме Србија.
Дали конечно среќата ќе бидне на наша страна на оваа првенство, ќе дознаеме по одигрувањето на предпоследното коло во втората фаза.
Фактот дека сите репрезентации со победа остваруваат подобар пласман, ако ништо друго во баражот за Олимписките игри оваа година, ни дава за право да се надеваме дека ваквиот расплет е возможен.