Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија во првиот полуфинален натпревар од тимот на Работнички. Јанта Волеј извојуваше победа во Куманово и ја има првата меч топка за освојување на шампионатот.
Во првиот полуфинален дуел помеѓу Работнички и Куманово, домаќинот на овој натпревар извојуваше убедлива победа со резултат 101-72. Кумановчани имаа одличен старт на натпреварот и во средината на првиот период имаа двоцифрена разлика. Кај Работнички се вклучи алармот и до крајот на првата четвртина ја анулираа разликата, а до крајот на натпрварот стигнаа и до максимални 32 поени разлика.
Шон Еванс и Расел Робинсон беа најефикасни кај победникот со 19 поени. За Куманово Бранислав Ѓекиќ постигна 14 поени.
Следниот натпревар од оваа серија ќе се игра во Куманово.
Одбојкарките на СВС Куманово загубија на вчерашниот дуел со Јанта Волеј со 3:0 во сетови. Со тоа тимот од Скопје ќе ја има првата меч топка на домашен терен, и шанса за освојување на титулата.
СВС Куманово е пред тежок испит каде што ќе треба да победи на два натпревари во низа за да ја одбрани титулата државен шампион.