Познат распоредот во БИБЛ – Куманово првo ќе гостува, па ќе игра два натпревари на домашен терен
Раководството на регионалното кошаркарско натпреварување, БИБЛ Лига денеска го објави распоредот за втората фаза, каде место обезбедија 6 екипи, поделени во 2 групи.

Во Група „Г“, како што веќе знаете, силите ќе ги одмерат КК Куманово, КК Академик Пловдив и КК Хапоел Холон.
Најдобрите две екипи со меѓусебен ефект, заминуваат на завршниот Ф4 турнир. Првата средба за Куманово е планирано да се одигра на 23-ти февруари во Израел, кај Хапоел Холон во „Тото Арена“. Потоа, на тимот му следуваат два дуели на домашен терен: 12-ти март реванш меч со Израелците, а пет дена подоцна, на мегдан доаѓа Академик Пловдив.
Последниот натпревар за КК Куманово ќе биде на крајот од месец март во Бугарија, односно на 30-ти во „Комплекс Сила“.
Се уште останува состојбата со можните здравствени проблеми, па нема да биде за изненадување доколку некој натпревар биде одложен и за него биде побаран друг термин.
(Д.Д.)