Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со победата над Томи Хас од 6:1; 6:4 и 7:6(4), српскиот тенисер и прв свестки рекет Новак Џоковиќ ја комплетира листата на осумте четвртфиналисти на Грен Слемот Вимблдон.
Џоковиќ како што посакуваше го отвори мечот и во првиот сет на Хас му дозволи да освои само еден гем. Слично течеше и вториот сет, иако пред карјот Германецот даде нешто поголем отпор, а најнеизвесно беше во третиот сет кога се играше тај-брејк.
Противник на Џоковиќ во четвртфиналната фаза ќе му биде Томаш Бердих од Чешка кој во осминафиналето беше поуспешен од Бернард Томиќ (Австралија).
Останатите три двојки за четвртфиналето на неофицијалното светско првенство се:
Давид Ферер (Шпанија) - Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина),
Фернандо Вердаско (Шпанија) - Енди Мареј (Ве3лика Британија),
Лукаш Кубот (Полска) - Јержи Јанович (Полска).