×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Преоден рок: Форлан останува во Атлетико, Џо Кол во Ливерпул

    21.07.2010 13:22 | KumanovoNews

    Во паузата помеѓу Светското првенство и почетокот на новата сезона, фудбалските тимови секојдневно работат на трансферите, а медиумите шпекулаати околу преоѓање на играчите и тренерите.

    Преоден рок: Форлан останува во Атлетико, Џо Кол во Ливерпул

    Еве неколку поинтересни случувања последните денови.

    Ивица Илиев се враќа во Партизан. Триесет годишниот напаѓач после шест години се враќа меѓу црно - белите, и потпиша договор на година дена.

    Напаѓачот на Милан Клас Јан Хунтелар, допатува во Манчестер, но англиските медиуми сеуште не можат да прецизираат дали ќе ги посети Сити или Јунајтед, бидејки и двата клуба му понудија преселување на островот. 

    Реал Мадрид испрати понуда до Интер за одличниот Мајкон вредна 22 милиони евра. До крај на неделата ќе се знае дали тој ќе го облече дресот на Реал. 

    Управата на Челзи порача дека нема да ги сослушаат потенцијалните купувачи на Дрогба и Кол. Агентот на Дрогба, вчера изјави дека го контактирал Манчестер Сити па подоцна негирал, а незадоволството на Кол во Англија е надалеку познато. Мурињо е спремен да се одкаже од услугите на Кака, во замена за дефанзивецот Кол. 

    Волсбург го стави името на Виченцо Јакинта како замена за Един Џеко. Босанецот на големо го најавува неговото селење во Серија А или Премиер лигата, па ако до тоа дојде, „волците“ веќе истиот ден ќе се обратат на Јувентус.

    Најдобриот српски дефанзивец Немања Видиќ, сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид. Тој сеуште не добил нов договор од Јунајтед, а постоечкиот му истекува следната година. Обичај е во Јунајтед да се разговара на за нов договор 2 години пред исткување на стариот. Мурињо во Видиќ гледа нов столб на одбраната, а Манчестер интезивно бара замена. Како решение се споменува Бруно Алвеш од Порто.

    Стеван Јоветиќ ги отфрла тврдењата за негов трансфер во Барселона. 

    „Ми годи што сум дел од нивните планови, но тие имаат страшен напад, а јас сакам да играм, што во Фиорентина можам “ - изјави Јоветиќ.

    Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, објави дека Диего Форлан засега останува во Мадрид. Иако се споменуваше Јувентус како потенциален купувач, Серезо изјави дека досега немале никаков контакт. 

    „И да имало контакт, Јувентус ќе треба да одвои 60 милиони евра за откуп на договорот“ - јасен е Серезо.

    Сами Кедира се поврзуваше често овие денови со Реал Мадрид, но ги негираше гласините. Средниот играч на Штутгард изгледа дека има потпишано преддоговор со Баер Минхен.

    Реал сеуште не му даде на Раул да си отиде од Мадрид, меѓутоа ако се тоа случи, неговата најнова дестинација најверојатно ќе биде Лондон, и тоа Вајт Харт Лејн. Управата на Тотенхем, сака што појак тим за учество во лигата на шампионите, а искусниот Раул се вклопува во нивните планови.

    Џо Кол ги пројде лекарските прегледи, и наредните четири години ќе ги брани боите на Ливерпул. Ќе го носи бројот 10 а од Челзи дојде како слободен играч.

    Речиси е постигнат договор за преоѓање на Александар Коларов во Манчестер Сити. Граѓаните постигнаа договор со Лацио, кои за 17 милиони фунти ќе се одкажат од услугите на српскиот дефанзивец.