Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По натпреварувањата во Купот и квалификациониот прозорец на ФИБА, продолжуваат кошаркарските возбудувања во Првата кошаркарска лига.
Екипата на Куманово и гостува на незгодиниот тим на Фени Индустри. Екипата од Кавадарци и покрај сите финансиски проблеми успева да го продолжи наптреварувањето, а воедно да бидне и незгоден противник и опасност по сите клубови во првенството.
Токму Куманово е една од екипите кои на своја кожа ја почуствуваа жилавоста на Фени, кој и покрај оргомна негатива успеа да резултатски да се врати, да го одведе наптреварот во продолжение и на крај да забележи и победа.
Куманово ја преброди кризата која ја имаше, и прикажува добри игри во продолжението од сезоната. Тие се во борба со Гостивар и моментално ја делат четвртата позиција на табелата.
Натпреварот се игра во салата Јасмин во Кавадарци со почеток во 18 часот.
Работнички сеуште е неприкосновен на табелата, Блокотехна има одличен настап и само два пораза, а трет е актуелниот шампион МЗТ Скопје.