Продолжуваат квалификациите за ракометниот еврошампионат
04.04.2013 08:34
| KumanovoNews
Со петте натпревари денеска продолжуваат квалификациите за Европското ракометно првенство кое следната година ќе се одржи во Данска.
Во групата 1 каде настапува Македонија, која вчера беше поразена од Шпанија, денеска на програмата е вториот натпревар од 3-то коло. Од 19:30 часот ќе играат Швајцарија и Португалија.

