×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени победниците на Шаховското првенство

    31.03.2010 13:30 | KumanovoNews

      Неџмедин Садики го освои пехарот за најдобар шахист на четвртото Шаховско првенство што минатата недела се одржа во Куманово. Второто место му припадна на Зоран Илиќ, трет беше Срѓан Христовски, а четврти Михајло Вучковски, Методија Серафимовски и Петар Спасовски,сите добија парични награди. Награда беше врачена и на најмладиот учесник Коста Јаневски.

    Прогласени победниците на Шаховското првенство

     Продолжува одличната традиција во клубот да се организираат шаховските првенства во градот. Оваа година мене ми падна честа да бидам првак на градот, иако имаме многу врвни шахисти, кои ја заслушуваат оваа награда. Имав малку среќа и малку повеќе знаење и среќен сум заради победата. Посакувам да ја задржиме традицијата и во иднина да имаме повеќе вакви турнири - рече победникот Садику.  

     Во просториите на Шаховскиот клуб, наградите ги врачи Виктор Божиновски претседател на Општинскиот сојуз на спортови.

    Пријатно сум изненаден колку многу шахисти се пријавиле на првенството и колку многу интузијасти имаме во шахот како спорт во градот. Досега Општинскиот сојуз на спортови заедно со Општината Куманово и јавните претпријатија го помагаат спортот и понатаму ќе продолжиме да даваме подршка за омасовување на шахот за да се реализираат повеќе активности во шаховскиот клуб - рече Божиновски.  

    Претседателот на шаховскиои клуб Слободан Ковачевски им се заблагодари на учесниците и на сите субјекти во градот што помогнаа клубот да застане на нозе и да ги врати шахистите во него.

    На овогодинешното првенство учествуваа 14 шахисти, меѓу кои имавме фиде мајстор, мајсторски кандидати и првокатегорници, а за првпат учествуваше и еден најмлад шахист кој освои три поени. Сите играа по швајцерски систем во седум кола. На сите учесници им честитам што зедоа учество на првенството, а на најдобрите им посакувам одлични резултати на републичкото натпреварување - рече Ковачевски.  

     Тројцата најдобри шахисти на првенството се стекнуваат со право на учество на Републичкото екипно првенство во шах.